Реал во првото полувреме трипати го совлада Столе, но само двапати се броеше (Видео)

Со головите на Тони Крос и Карим Бензема, Реал Мадрид по првото полувреме води со 2-0 проти Рајо Валјекано, на чиј гол стои македонскиот голман Столе Димитриевски. За Крос ова беше прв, а за Бензема десетти гол во Ла Лига сезонава. Интересно е што Крос и првиот гол во дресот на Реал го постигна пред седум години истотака против Рајо, и истотака во меч игран во месец ноември.

Пред да паднат двата погодоци, и Винисиус ја затресе мрежата на Рајо, но тој гол беше поништен поради офсајд. Реал ги добива сите домашни мечеви против Рајо во 21-виот век, и добри се шансите таа традиција да продолжи.

Ова е голот на Крос, кој првично беше поништен, па по интервенција на ВАР, сепак беше признат:

https://twitter.com/i/status/1457080773975031808

- Оглас -

Најнови вести