Реал Мадрид веќе знае кој ќе му биде прв голман следната сезона

Сомнителната ненадејна повреда на Тибо Куртоа, поради која Белгиецот не брани за Реал Мадрид на последните натпревари, е причина за шпекулации во некои медиуми дека всушност станува збор за бизнис-трик на клубот.

Неофицијално, во Реал веќе одлучиле да го продадат Кејлор Навас, кој не сака да биде резерва и да брани само во Купот на Шпанија. За да му ја кренат цената по која би го продале, сега „кралевите“ во завршницата од сезоната го форсираат Костариканецот, кој на потенцијалните купувачи би им го претставиле како чувар на мрежата на кого сериозно сметаат и во иднина за да извлечат повеќе пари.

Самиот Навас кажа дека ќе остане во Реал додека сака тренерот Зидан, а ако Зизу му каже дека не смета на него како прва опција, ќе си замине. Навас пред некоја година беше на една минута од заминување од Реал во Манчестер јунајтед, во замена за Давид де Хеа, но работата за малку се изјалови. Се чини дека ова лето трансферот не му бега, иако Зидан има доверба во него.

Доколку е вистина дека Навас брани редовно за да му се крене цената, можеби таков е случај и со Марсело, кој одеднаш е стартер на сите мечеви под водство на Зинедин Зидан, иако не е во форма.

- Оглас -

Најнови вести