Ребиќ се облече во црно-бело, и од Милано одлета за Истанбул (Видео)

Хрватскиот офанзивец Анте Ребиќ, си заминува од Милан и ќе потпише за Бешикташ. Ребиќ претпладнево е снимен пред аеродромот „Линате“ во Милано, и се гледа дека е облечен со црни бермуди и бела маичка, а клупските бои на Бешикташ се црно-бели.

Овој 29-годишник имаше слаба сезона во Милан и тренерот Стефано Пиоли не смета на него за во иднина, па Хрватот немаше друг избор освен да си најде нов клуб. Договорот на Ребиќ со турскиот тим ќе биде на две години.

Ребиќ од 2019 година беше во Милан. Росонерите ќе добијат мала отштета, но се согласија на продажба затоа што во буџетот ќе ослободат простор за плати.

Новинарот Џанлука Ди Марцио објави ексклузивна снимка од Ребиќ како се подготвува во Милано да одлета на лекарски прегледи во Истанбул. Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1685580955350671360

 

- Оглас -

Најнови вести