Речиси 21 година подоцна, Евертон му зеде мерка на Ливерпул на „Енфилд“ (видео)

Евертон фрли сол на раната и славеше со 2-0 во градското дерби против Ливерпул кое се одигра на „Енфилд“. Карамелите ја продолжија кризата на актуелниот англиски првак нанесувајќи му го четвртиот последоветелен пораз на домашен терен.

Синиот дел на Мерсисајд има за што да се радува, бидејќи Евертон ја оствари првата победа во 21 век како гостин кај лутиот ривал, односно  го освои „Енфулд“ првпат од септември 1999 година.

Дербито се реши рано, со голот на Ричарлисон веќе во третата минута од мечот. Јужноамериканската врска на Карамелите одлично проработе, а бразилскиот офанзивец го матира сонародникот Алисон со само првиот удар во средбата.

Црвените притискаа експресно тргнаа по израмнување, но притисокот не се исплати иако тимот на Клоп доминираше во остатокот од средбата. Се играше 83-тата минута кога гостите не искористија контранапад, меѓутоа беше направен прекршок врз Калверт-Луин во казнената зона, па Евертон доби пенал во своја корист кој го реализира Сигурдсон за конечни 2-0.

https://streamable.com/gx2b18

- Оглас -

Најнови вести