Ладен туш за шампионот: Евертон води на „Енфилд“ од третата минута (видео)

Со погодокот на Ричарлисон во третата минута, Евертон го изненади Ливерпул и води со 1-0 на стартот од дербито кое се игра на „Енфилд“.

Јужноамериканската врска меѓу Хамес Родригес и Ричарлисон одлично проработе во воведните минути, нивната комбинација беше незадржлива за одбраната на актуелниот англиски првак.

Карамелите со овој погодок најавија дека се подготвени да ја прекинат долгата низа без триумф во домот на нивниот градски ривал, која трае од септември 1999 година. Инаку Ливерпул ги загуби претходните три лигашки меча на домашен терен, а сега речиси цел натпревар ќе брка негатива со цел да го прекине кризниот период.

https://twitter.com/Fastgoal2/status/1363180657686495232

- Оглас -

Најнови вести