Реднап се сеќава на трагедијата: Два дена бев во кома

Хари Реднап како тренер речиси 30 години беше активен во англискиот фудбал, а претходно повеќе од 15 години помина и како фудбалер на теренот. Тој е еден од симонимите за англискиот фудбал, а сега веќе 73-годишниот Реднап се сеќава на една од најлошите епизоди поврзани со фудбалот.

Точно пред 30 години, односно во 1990 година, Реднап заедно со своите пријатели бил во Италија да го следи во живо Светското првенство на коешто играше и Англија. Токму тогаш, додека патувале со минибусот, Реднап и пријателите биле дел од една страшна сообраќајна несреќа која се случи на 30 јуни таа мундијалска година во Италија.

Минибусот со кој се возеле имал директен судир со автомобил. Од силината на ударот починале тројца луѓе кои биле во автомобилот, како и тогашниот директор на Борнмут, Брајан Тејлор, кој бил во минибусот заедно со Реднап.

„Автомобилот кој доаѓаше од спротивната насока се обиде да престигне друго возило и тогаш директно удри во нашиот минибус. Автомобилот возел со 144 километри на час, а минибусот се преврте и 50 метри летна по асфалтот“, се сеќава Реднап.

Легендарниот тренер од ударот излетал од минибусот и паднал во несвест. Кога дошле лекарите, помислиле дека е мртов и му ставиле чаршаф над главата.

„Ударот бил толку силен, што докторите мислеле дека нема шанси да има преживеани. Мислеа дека сум мртов и затоа ми ставија чаршаф над главата. Дури ми го украдоа и часовникот и сè што имав вредно затоа што мислеа дека нема да ми треба веќе. Сепак, по два дена во кома, се разбудив. Докторите не можеа да веруваат затоа што имав тешки повреди. Не можев да се помрднам. Поминав долг период на рехабилитација, но уште имам последици од тој немил настан. Постојано ја тресам главата, а на ногата имам голема лузна“, открива Реднап.

- Оглас -

Најнови вести