Редно е Гана да победи, Бразил ќе ја елиминира Аргентина

Гвинеја Бисау – Гана (18.00 часот)

Селекцијата Гвинеја Бисау е на дното на табелата во групата, освои само еден бод во првите две кола, уште нема дадено гол и важи за аутсајдер во мечот. Од друга страна, Гана има две ремија и засега тоа ѝ е доволно за втората позиција, но треба да победи за да се зацврсти на таа позиција и да чека евентуален кикс на лидерот Камерун.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.15)

 

Бразил – Аргентина (02.30 часот)

Квотата на денот на Sport Life го фаворизира домаќинот. Ова е најголемото дерби во Јужна Америка, пласманот во финалето на Копа Америка ќе биде жестоко прославен кој и да победи. Поддршката од трибините и подобрата форма се на страна на Бразил, кој ќе сака на публиката во Бело Хоризонте да ѝ донесе радост, по дебаклот пред пет години на СП, кога на истиот стадион загуби 1-7 од Германија. Меси игра послабо од очекувањата и само негова експлозија би можела да ги спаси „гаучосите“ против тимот кој нема примено гол.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (3.85)

 

Хаити – Мексико (04.00 часот)

Поминаа десет години откако овие селекции се сретнале на Голд купот. Тогаш славеше Мексико со 4-0. Хаити покажа дека е незгоден, ќе ги бара слабите точки на противникот, но Мексиканците во 2019 година не знаеја за пораз и сакаа да го освојат пехарот. На Голд купот, Мексико само еднаш одигра 0-2 гола, на сите други средби беше 4+.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

Ангола – Мали (21.00 часот)

Ангола уште нема победа на првенството на Африка, двата нерешени резултати ја сместуваат на трета позиција во групата. Мали има четири бода и победата му треба за да биде прв во групата. Во меѓусебните дуели пред девет-десет години, Мали против Ангола даваше по четири гола, а еднаш резултатот беше 4-4.

Предлог тип: 2 (2.20)

 

Англија жени – САД жени (21.00 часот)

Засега се беспрекорни и едните и другите и тука сите резултати се во игра. Во март овие тимови одиграа 2-2. Американките се поискусни, ги победија Шпанија и домашната Франција, ретко губат од Англија во меѓусебните дуели. Но, аналитичарите сметаат дека ако некогаш Англија имала реална шанса да победи против САД, тоа е вечерва.

Предлог тип: 3+ (2.15)

- Оглас -

Најнови вести