Рекорд: Лејкерс ќе добие 100 милиони долари за спонзорство на дрес од 6,35 сантиметри

Јужнокорејската компанија за храна, Бибиго, стана спонзор на НБА-клубот Лос Анџелес лејкерс, а за тоа што името на компанијата во следните пет сезони ќе стои на 6,35 сантиметри на левата предна страна од дресот, Корејците ќе платат неверојатни 100 милиони долари, што е рекорд во НБА.

Бибиго ќе го замени стариот спонзор Виш, кој даваше 12 до 14 милиони долари годишно, што е за 6-8 милиони помалку од парите кои ќе ги плати Бибиго. Лејкерс е кошаркарски бренд, еден од најтрофејните клубови во НБА, го има Леброн Џејмс во своите редови, има многу навивачи низ цел свет и не е изненадување ваквиот богат договор.

Сепак, во фудбалот има и поголеми договори. На пример, Реал Мадрид (Емирати) и Тотенхем (АИА) земаат околу 50 милиони евра годишно за името на спонзорот на предната страна од дресовите, но тие реклами се и многу поголеми отколку оваа која ќе стои на дресот на Лејкерс.

- Оглас -

Најнови вести