Рекорден награден фонд за фудбалското ЕП

Наградниот фонд на Европското првенство во фудбал кое летово ќе се спроведе на територијата на целиот континент ќе биде рекорден во историјата и ќе изнесува 371 милион евра. Оваа сума е дури за 70 милиони (23 проценти) поголема во споредба со наградниот фонд за Евро 2016.

Секој тим што ќе се пласира ќе добие 9,25 милиони евра. Ова е мотивација плус за македонската селекција, која треба да ги мине баражите со Косово и потоа Белорусија или Грузија на крајот на март.

Во групите секој тим може да земе максимум до 4,5 милиони. УЕФА дава 1,5 милиони за победа, а 750 илјади за нерешено. Идниот европски шампион ако ги добие сите мечеви на првенството, максималната можна сума е 34 милиони евра.

Место во осминафиналето носи дополнителни 2 милиони евра, за четврт-финале уште 3,25 милиони, а полуфиналето се наградува со 5 милиони. Првакот ќе добие 10 милиони евра, а поразениот во финалето 7 милиони.

 

- Оглас -

Најнови вести