Англискиот голман Бен Фостер реши да стави крај на професионална кариера. Фостер, кој има 40 години, денеска ненадејно одлучи да се повлече од активното играње, и тоа само два дена по неговиот последен меч.
Ветеранот сезонава го носеше дресот на тимот на Рексам во четвртата лига на Англија. Во саботата, Рексам на домашен терен одигра неверојатен дуел против Свиндон, кој заврши со резултат 5:5. Рексам на полувреме губеше со 4:1, а Фостер во текот на сите 90 минути имаше само една одбрана.
„Искрено, моите игри во тимот на Рексам не се достојни на нивото на кое јас очекував да бидам. Чувствувам дека сега е вистински момент да се пензионирам. Кога ја донесов оваа одлука, не размислував само што е најдобро за мене, туку и за клубот. Со оваа моја одлука му давам шанса на клубот до крајот на летниот преоден рок да најде соодветна замена. Рексам секогаш ќе има посебно место во моето срце“, рече Фостер.
Повеќе од 20 години траеше голманската кариера на Фостер. Одигра 536 натпревари и освои три трофеи (два Лига купа со Манчестер јунајтед и еден со Бирмингам). Тој е рекордер во Премиер лигата со 1.248 одбрани. Фостер има и осум настапи за репрезентацијата на Англија, а за неговиот последен клуб Рексам пристигна на 23 март и бранеше само на 12 меча. Само во овој месец, Фостер прими пет гола во дуелот против МК Донс и на неговиот последен меч во кариерата, тој во саботата против Свиндон.