Блиску се до две милијарди евра – Рекордни се платите во Лига 1 во Франција, ПСЖ сам исплаќа една третина

Клубовите во Франција го урнаа рекордот за годишни плати на фудбалерите и вкупно 20 прволигаши исплатиле 1,73 милијарди евра во 2021 година.

На врвот очекувано е Пари Сен Жермен со трошоци за плати од 629 милиони евра, или малку повеќе од една третина од вкупниот износ.

Од ПСЖ ја демантираа нформацијата од „Л’Екип“ и објавија дека платите се со вкупен износ од 585 милиони евра, а тука се вклучени и ракометниот клуб, кој игра и во Лигата на шампионите, и џудо тимот.

Како и да е, платите кај популарните Светци постојано растат, а од 2018 година, или во циклус од четири години, се повисоки за вкупно повеќе од 200 милиони евра.

Во 2018 година ПСЖ им исплаќаше вкупно 370 милиони евра како плати на фудбалерите, следната година сумата стигна до 414 милиони евра, а во 2020 година стигнаа и до 503 милиони евра.

Растот во 2021 и во оваа година се должи на доаѓањето на неколку големи ѕвезди во клубот од калибарот на Лионел Меси, Серхио Рамос, Џиџи Донарума, Џорџино Вајналдум, Ашраф Хакими…

 

- Оглас -

Најнови вести