Рекордни тројки на Лион, Анже си замина со полна мрежа голови

Лион го урна сопствениот клупски рекорд со пет меча по ред на кои постигнуваше најмалку по три гола, а со дупла доза вечерва го испрати Анже дома.

Лавовите од Жерлан играат атрактивен фудбал, а го потврдија и со убедлив триумф од 6:0 против слабиот тим на Анже.

Дембеле и Депај по двапати ја тресеа мрежата на Бутеле, а стрелци беа и Оуар и Жан Лукас.

Лион има блескав старт на новата сезона во француската Лига 1, а со двете победи има и гол-разлика од 9:0. Анже во премиерата го победи Бордо со 3:1, но вечерва и буквално настрада во Лион со еден од највисоките порази во историјата на клубот.

- Оглас -

Најнови вести