Парма обезбеди победа од 2-1 против Бреша благодарение на талентираниот Дејан Кулушевски. Швеѓанецот со македонско потекло го постигна погодокот вреден три бода, а реализацијата му беше мајсторска.
Кулушевски од проигрувањето Силигарди веднаш упати удар кон противничкиот гол и со многу ефе го совлада Андреначи во 81-та минута. За одличниот „ол-араунд“ играч ова беше деветти погодок во Серија А сезонава, а има и осум асистенции во вкупно 34 настапи.
https://www.youtube.com/watch?v=s-s1silOEIA
Претходно Дармијан погоди за прво водство на Парма на стартот на вториот дел, Десена анулираше по едеч час игра, меѓутоа Бреша не избегна ново разочарување.