Ремек дело – Неодбранливи се бразилските ножички на Рони (Видео)

Флуминенсе и Палмеирас ремизираа 1:1 во големото бразилско дерби од 24. коло, а мечот на двете првопласирани екипи го одбележа блескавиот гол со ножички на Рониелсон Да Силва Барбоса.

Популарниот Рони со феноменален удар преку себе во деветтата минута му донесе предност од 1:0 на лидерот Палмеирас.

Fluminense 0 – [1] Palmeiras — Rony bicycle kick goal from soccer

Рони е најдобар стелец на Палмеирас со 8 гола и седми во најсилната бразилска лига, а тимот за кој игра е на прагот да ја освои титулата, бидејќи има предност од 8 бода пред Флуминензе и 10 пред Фламенго, екипа која има одиграно еден меч помалку.

 

- Оглас -

Најнови вести