Раководството на Баерн Минхен се интересира за напачот на Хофенхајм, Фисник Аслани. Фудбалерот кој е роден во Берлин настапува за репрезентацијата на Косово, од каде што имаат потекло неговите родители, е цел на Баварците, кои размислуваат на долг рок и се подготвуваат за ерата по Хари Кејн.
Вредноста на Аслани во моментов е 18 милиони евра, а оваа сезона во дресот на Хофенхајм одигра девет меча, на кои постигна шест гола, а имаше и две асистенции.
Медиумите во Германија веќе наголемо пишуваат за можноста овој трансфер да се реализира, а планот е тој да биде доведен пред да си замине Хари Кејн, за да има можност да се адаптира на екипата. Аслани има само 23 години.

