Репрезентативец останува „заробен“ во срцето на жариштето на Коронавирусот во Италија

Кошаркарскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повеќе од еден месец не може да начин како да си замине од Италија, каде што го затече пандемијата со Коронавирусот. Јакимовски сезонава го носеше дресот на Торино, клуб чија база е во градот на фудбалскиот првак Јувентус. Откако челниците на Кошаркарската федерација во Италија донесоа одлука да се прекинат кошаркарските првенства, Јакимовски започна да бара начин како да си замине од областа која е срцето на жаришетето на Коронавирусот во Италија.

Во изјава за сајтот на КФСМ, Јакимовски открива што се случува со него во моментов. Вели дека повеќе од еден месец е во изолација и дека се пријавил за хуманитарниот лет, но тој уште не е реализиран.

„Да, ги почитувавме максимално забраните кои сè уште се на сила и за кои  мислам дека ќе потраат уште долго време, можеби и еден месец. Не ни преостанува многу друго. Она што можев, го направив. Се пријавив за хуманитарен лет, и тоа уште пред три недели. Но до овој момент немаме никаква информација дали е изводливо тоа да се направи од Италија. Нема друго, мора да бидеме мирни, да бидеме трпеливи. Ќе помине и ова. Ми недостасува кошарката, но во овој момент најважно е здравјето“, вели Јакимовски во изјава за сајтот на Кошаркарската федерација.

- Оглас -

Најнови вести