Репрезентацијата почна со подготовки, мотивацијата на високо ниво

Македонската фудбалска репрезентација на 7 јуни дома со Полска и на 10 јуни со Австрија, истотака во Скопје, го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2020, а подготовките за овие два значајни дуели почнаа денеска.

Селекторот Игор Ангеловски ги немаше сите сили на располагање, А тимот првиот дел од подготовките ги започна без капитенот Горан Пандев. Клупски обврски се уште имаат голманите Илиев и Шишковски, додека Адеми, Николов, Алиоски и Трајковски утре ќе бидат во стројот. Мала повреда на задната ложа има Дарко Велковски, но дефанзивецот на хрватска Ријека е во тренажен процес.

Добра вест е што Елиф Елмас е тука и нема скршеница на левата рака.

 

- Оглас -

Најнови вести