Реприза на финалето од Лигата на шампионите во осмото коло на Спортска прогноза

Ливерпул и Тотенхем задутре, од 17.30 часот ќе играа меч од Премиер лигата, што ќе им биде прв меѓусебен дуел по финалето во Лигата на шампионите од ланското издание.

Дербито на десеттото коло во најсилната лига е една од главните 13 двојки во осмото коло на Спортската прогноза што за вас бесплатно ја организираат „Спорт Манија“ и „Sport Life“.

Време има доволно за да се приклучите на играта што е, пред сè, забавна, но има и одлични награди, а последниот термин е утре до 15.30 часот, кога ќе се игра уште едно големо дерби, но во Бундеслигата.

Шалке 04 во Гелзенкирхен ќе ѝ биде домаќин на Борусија Дортмунд во регионалното дерби на областа Рур. Овие мечеви се многу интересни и привлечни во последно време, головите се посебен декор, па имаше многу пресврти и возбудливи завршници.
Пред две години на „Вестфален“, Борусија прокоцка неверојатна предност од 4:0 и мечот заврши нерешено 4:4, а во април годинава Милионерите повторно водеа на домашен терен, па потоа загубија со 2:4.

Ова ветува нов трилер-меч од серијалот битки за фудбалска превласт во Рур и, секако, е голем предизвик за учесниците во Спортската прогноза.

Во ова коло има уште 11 интересни парови од основната програма и две резервни двојки што носат поени во Генералниот пласман.

За секоја рунда на Спортска прогноза Sport Life подготви супер награди, а премијата е IPhone XS. Прекрасниот мобилен телефон следува како награда за прогнозерите што ќе ги погодат сите 13 парови во основната програма.

За 12 точно типувани натпревари ви следува ваучер од 1.000 денари, а и погодени 11 мечеви носат ваучер, но во вредност од 500 денари во Sport Life.

Секако, важно е да се внимава и со типувањето на резервните парови бидејќи тие носат поени за Генерален пласман. И тука на крајот на втората сезона на Спортската прогноза, Sport Life богато ќе ги награди најдобрите прогнозери, а топ-премија е ТВ смарт од 48 инчи.

За второпласираниот во вкупниот поредок следуваат 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000, односно 200.000 поени за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ 5.

 

- Оглас -

Најнови вести