Решено е: Ѓоковиќ се најде на листата на тенисери кои ќе играат на Отвореното првенство на Австралија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и официјално се најде на листата на играчи кои треба да бидат дел на гренслем-турнирот во Мелбурн следниот месец. Ѓоковиќ го пропушти овој гренслем-турнир во 2022 година, откако не доби дозвола за влез во Австралија затоа што не е вакциниран против корона-вирусот.

Ѓоковиќ дури беше и на судење, каде што доби и забрана од три години за влез во Австралија, но оваа казна треба да биде суспендирана и Србинот конечно во јануари 2023 година да се појави на турнирот кој досега го освојувал рекордни девет пати.

Прв носител на Отвореното првенство на Австралија ќе биде Карлос Алкараз, втор носител е Рафаел Надал, па следуваат Каспер Руд и Стефанос Циципас. Тоа значи дека Ѓоковиќ ако стигне до четвртфиналето, сигурно ќе се сретне со еден од овие четворица главни носители, што значи дека ќе има навистина тежок пат да стигне до јубилејната 10-та титула во Мелбурн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести