Играчите на Фантази Премиер лигата во групата на Спорт Манија беа многу далеку од 100-ката во 11-тото коло, а главна причина за тоа е фактот дека Ерлинг Халанд не постигна гол во дербито против Ливерпул. Црвените победија минимално со 1:0 и вторпат сезонава успеаја да го сопрат Халанд да не погоди.
Во една таква ситуација и според резултатите на останатите мечеви од ова коло, најдобар резултат постигна Дарио Савески со тимот Tactical Mind освојувајќи 82 поени. Савески го имаше Аризабалага на голот и му донесе 10 поени, во одбраната одлични беа Бурн (5), Перишиќ (8) и Гехи (7). Салах како капитен донесе 16 поени, а во нападот работата добро си ја завршија Соланке (12 поени), Митровиќ (7) и Кејн (9).
Александар Стајиќ со тимот Thya освои 80 поени и е втор во ова коло во лигата на Спорт Манија. На голот блескаше Са, кој одбрани и пенал и освои 14 поени, а Ван Дајк со 8 и Анри со 6 поени беа одлични во дефанзивниот ред. Мaунт со 15 поени и Сака со 9 поени беа носители во средниот ред, а во нападот Хари Кејн како капитен донесе одлични 18 поени.
Еден бод помалку од Стајиќ имаше Михаил Петков со екипата на CFC, кој освои 79 поени. Офанзивниот ред беше главен адут на Петков затоа што Кејн како капитен освои 18 поени, а повторно одличен беше Тони со 12 поени. Маунт во средниот ред со 15 и Салах со 8 беа одлични, а Даер и Трипие во дефанзивата донесоа по шест поени.
Тројцата најдобри во ова коло треба да напишат во порака на фејсбук-страницата на Спорт Манија за да ги контактираме и да им доделиме вредносни ваучери од Sport Life. За првопласираниот следува ваучер од 300 денари, за Стајиќ е обезбеден ваучер од 200 денари, додека Пeтков ќе добие ваучер од 100 денари.
НАЈДОБРИОТ ТИМ НА НЕДЕЛАТА НОСИ ВКУПНО 117 ПОЕНИ И ИЗГЛЕДА ВАКА