Револуција во светскиот фудбал, летниот преоден рок ќе трае осум месеци!

Претстојниот летен преоден рок за фудбалери би можелo да трае дури осум месеци, нешто што не е видено во историјата на фудбалот. Поради пандемијата од Коронавирусот, сите лиги освен белоруската, се стопирани.

Одложувањето натпревари носи големи финансиски загуби за најголемите и најбогатите клубови, нивните буџети се на удар, па се бара излезно решение. Затоа клубовите од ФИФА побараа да дозволи летниот преоден рок да биде продолжен за тимовите да имаат доволно време да ги реализираат своите трансфери бидејќи можно е поклопување на двете сезони.

Ако лигите продолжат во јуни, нема да завршат до крајот на јули, а веќе во август треба да стартува новата сезона. Затоа се бара еден преоден рок, кој би траел до крајот на јануари. ФИФА веќе го разгледува предлогот и нема да биде изненадување ако го прифати.

- Оглас -

Најнови вести