Резерва е во втората шпанска лига, а в понеделник ќе потпише за Баерн

Шпанскиот фудбалер Марк Рока, денеска замина за Германија на лекарски прегледи, и ако нема некој проблем, тој в понеделник треба да потпише за германскиот и европски првак Баерн Минхен. Баварците за плејмејкерот Рока, на Еспањол ќе му платат помеѓу 10 и 15 милиони евра.

Рока е талентиран играч кој во првиот тим на Еспањол влезе во сезоната 2016/2017 кога тренер беше Кике Санчес Флорес, а потоа со Руби на клупата, тој „експлодира“ и беше меѓу најзаслужните што тимот заигра во Лига Европа. Но, во минатата сезона игрите на Рока не беа толку убедливи, па Еспањол испадна во Сегунда дивизија.

На првите два меча сезонава во шпанската втора лига, Рока еднаш беше резерва, а еднаш воопшто не беше во составот, па во некои шпански медиуми објавија дека големиот Баерн ќе купи фудбалер кој е резерва и во втора лига.

- Оглас -

Најнови вести