Резервите Милан и Арсенал се најјаки „кецови“ на Спортска прогноза, Ливерпул ќе го победи Манчестер јунајтед

Новото 19. коло на Спортска прогноза е во тек, се уште имате време да се приклучите со своите прогнози, а првичната слика вели дека најголеми фаворити се Милан, Арсенал и Ливерпул.

Големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед е во фокусот, бидејќи меѓусебе играат двете најтрофејни англиски екипи. Тој меч е во понудата со вкупно 13 двојки во новото коло на Спортска прогноза, а ќе се игра во недела од 17.30 часот.

Ливерпул е лидер на табелата во Премиерлигата со 20 победи, едно реми и без пораз што е брилијантен учинок на избраниците на Јирген Клоп. И очекувано според досегашните ваши прогнози домаќинот е голем фаворит за победа против 20-кратниот англиски првак Манчестер јунајтед. Дури 77 проценти од прогнозерите кои веќе типувале во 19. коло на Спортска прогноза веруваат во нов триумф на црвените од „Енфилд роуд“. Победа на Манчестер прогнозираат 8 посто, а на реми засега се надеваат околу 15 проценти.

Тоа е само стартен сигнал, бидејќи допрва ќе се приклучат поголемиот број на стандардни учесници во нашата бесплатна игра, а секако очекуваме и нови прогнозери во трката за прекрасната награда „IPhoneXS“.

Интересно е што речиси и да нема дилеми кај двата резервни пара во ова коло, па на победи на Милан против Удинезе во Серија А и на Арсенал со Шефилд јунајтед во Премиерлигата типуваат дури 95 посто од прогнозерите.

Поените од резервните двојки во секое коло се многу важни, бидејќи се калкулираат во трката за Генерален пласман. Таму се бие жестока битка за првите пет позиции кои носат убави награди.

Шампионот ќе се поднови со Смарт ТВ од 48 инчи, а за останатите во Топ-5 ќе има голем број на поени со кои ќе можат да пазарат супер производи од СЛ маркетот на Sport Life.

Вашите прогнози за 19. коло ги очекуваме до сабота до 15.30 часот кога ќе почне првиот дуел за ова коло на популарната тринаесетка меѓу Келн и Волфсбург.

 

 

- Оглас -

Најнови вести