Резервите на Јувентус први ќе ја прослават титулата на терен

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри најави дека за утрешниот дуел против СПАЛ планира да ги одмори играчите кои го понесоа најголемиот товар во текот на сезоната. На Старата дама потребно и е да освои само еден бод за стигне до осмата титула по ред во Серија А.

„Повеќето стартери ќе одмораат и нема да играат против СПАЛ. Ќе им дадам шанса на младите играчи. Може да станеме прваци и по мечот со СПАЛ, но прославата дефинитивно ќе ја одложиме дури по завршување на реванш дуелот против Ајакс во Лигата на шампиони. Нема да ризикувам со здравјето на Роналдо. Може да им дадам одмор и на Бонучи, Манџукиќ и Матуиди. Сигурно ќе игра Мојзе Кен, Перин ќе брани, а во тимот ќе биде и Квадрадо“, откри Алегри.

 

- Оглас -

Најнови вести