Резервите на МЗТ се пресилни за слабиот Шкупи

Младинците на МЗТ Скопје одлично ги заменија првотимците и со огромни 44 поени разлика го декласираа Шкупи на гостински терен во меч од 12. коло во Суперлигата.

Предводени од младите Ранко Мамузиќ со 31 поен, Андреј Маслинко со 28 поени, потоа и од Лука Стојановски, кој постигна 23 поени „штрковите“ рутински славеа со 109:65 во меч во кој немаше неизвесност околу победникот.

Главните играчи на вицешампионот одмараа, а темпо диктираа младинците. Почнаа искусно и веќе по првиот период најавија дека ќе го декласираат слабиот противник. МЗТ имаше предност од 32:13 по само десет минути игра, а на полувремето разликата порасна на 32 поени, 27:59 за гостите.

Во продолжението попушти притисокот на фаворитот, но на крајот победата остана убедлива со 44 поени разлика.

Покрај триото Мамузиќ, Маслинко и Стојановски, кои заедно постигнаа 82 поени, се истакна и Љубомир Младеновски со 13 поени.

Кај Шкупи прв стрелец беше Димитриевски со 23 поени, а Велески уфрли 17. Шкупи има 12 порази и минус еден бод поради казна од МКФ, а МЗТ е втор со биланс 10-2, зад лидерот Работнички.

 

- Оглас -

Најнови вести