Рибери одбра да носи виолетов дрес

Францускиот крилен фудбалер Франк Рибери во следните две сезони ќе биде член на Фиорентина. Договорот е постигнат, останува уште да биде потпишан откако Рибери, најверојатно утре, ќе ги мине лекарските прегледи.

Фиорентина ја доби битката со руските клубови кои го посакуваа Рибери, а веројатно пресуди желбата на ветеранот да игра во силната италијанска лига. Живеењето во Фиренца пред Москва го избра и неговата сопруга Вахиба.

Тренерот на „виолетовите“, Винченцо Монтела, е среќен што добива ваков докажан играч во тимот, играч кој за 12 години во Баерн Минхен освои многу титули и сега е подготвен за нов предизвик. Годишната плата на Рибери ќе му биде околу 4 милиони евра.

Ова е втор ваков голем трансфер од Баерн во Фиорентина, по оној во 1992 година, кога патот на Рибери го одеше Штефан Ефенберг.

- Оглас -

Најнови вести