Рибери треба да одбере – Саудиска Арабија или Катар

Еден од најдобрите крилни играчи во последните 15-тина години во светот, Франк Рибери, решава дали кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија или во Катар. Според најавите, најдоцна до утре треба да се знае следната дестинација на некогашниот француски репрезентативец.

Рибери ги поминал медицинските тестови и сега останува само да се одлучи каде да го стави својот потпис. Искусниот 36-годишен фудбалер, во последните 12 години ги бранеше боите на Баерн Минхен. За 12 сезони одигра 425 меча за најтрофејниот германски клуб и даде 124 голови.

Во Баерн беше познат како дел од тандемот со Арјан Робен. Холанѓанецот кој е една година помлад од Рибери, реши да ја заврши професионалната кариера.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести