Рики Рубио „се претвори“ во Стеф Кари и приреди историско шоу во Њујорк (Видео)

Кливленд кавалирс триумфираше на гости против Њујорк никс со 126-109 благодарение на одличното шутерско издание на Шпанецот Рики Рубио. Плејмејкерот иако беше резерва, мечот го заврши со 37 поени и 10 асистенции, а погоди 8 тројки од 9 обиди. Овие 37 поени се личен рекорд на Рубио, досега најмногу што имаше дадено во НБА му беа 34 поени.

Рики е првиот кошаркар во историјата на НБА кој како резерва имал над 35 поени и десет асистенции и притоа погодил осум тројки.

Бруклин нетс ја извојува и петтата победа по ред, а Голден стејт и понатаму е најуспешен тим во лигата откако победи по осми пат на девет меча сезонава.

Некои од тројките на Рики беа од тешка позиција, но ова беше негова вечер и тој речиси и да не можеше да утне:

https://twitter.com/i/status/1457539621613494275

- Оглас -

Најнови вести