Рим е на нозе, време е за големото „Дерби дела Капитале“

Лацио ќе ѝ биде домаќин на Рома вечерва од 20.45 часот на „Олимпико“, а Рим е на нозе за една од најголемите градски фудбалски пресметки на светот, популарното „Дерби дела Капитале“.

Многу страст, енергија, огромен ривалитет, па дури и омраза што често почнува и завршува со инциденти има на дербито на Рим, што се игра од 1929 година.

Тогаш е формиран и вториот голем клуб во главниот град, Рома, откако Лацио веќе имаше зад себе 29 години историја, со формирањето во 1900 година.

Честопати навивачите на Лацијалите го споменуваат и го користат тој факт дека се постар клуб од Рома, а Римската волчица, меѓу другото, се гордее со една титула повеќе од големиот ривал.

Сега на „Олимпико“ ќе недостасува екот од трибините, атмосферата која е импресивна на овие дуели и секако и транспарентите на две големи армии на навивачи на двата клуба.

Легендарни се дел од кореографиите и на навивачите на Лацио и тие на Рома, а посебно се паметат дел од нив.

„Рома, само небото е поголемо од тебе“ беше транспарентот на симпатизерите на Волчицата на еден од натпреварите на „Дерби дела Капитале“, на што одговорија навивачите на Лацио со транспарент „Во право сте, небото е сино-бело“, како клупските бои на Лацијалите.

Како интересен куриозитет е и приказната дека десеттина години пред почетокот на Втората светска војна имало обид и за спојување на двата клуба, што е одбиено од еден од Генералите на војската на Италија, Вакари, кој подоцна бил и претседател на Лацио.

Првиот меч, историски за двата клуба во декември 1929 година го доби Рома со 1:0, а досега се одиграни дури 190 натпревари во сите конкуренции меѓу двата великани од Рим.

Рома има повеќе победи, точно 71, а Лацио славеше на 53 натпревари со 66 ремија. Гол-разликата е 239:193 за Рома, екипа која и моментно е подобропласирана од Лацио, на третата позиција со 34 бода, пред големиот градски ривал со 28 бода на осмото место во Серија А по 17 кола.

Во понудата на Sport Life за дербито на Рим има широка лепеза на игри и понуда од точно 555 најразлични игри и комбинации, а можете да се обложувате и на стрелци.

Квартетот стрелци на кои можете да се обложувате се Чиро Имобиле со квота 2.05 и Фелипе Каиседо со коефициент 2.70, двајцата од Лацио и на Един Џеко со квота 2.40 и Борха Мајорал со 2.70 од екипата на Рома.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести