Данската фудбалска репрезентација сериозно се подготвува за дуелот против Македонија. Нивниот селектор Брајан Ример се соочува со проблеми околу составот бидејќи неколку фудбалери се повредени.
Медиумите во Данска потенцираат дека со Ример на чело се случува мала револуција околу составот на националниот тим. За пресметката против Македонија повикани се дури осум потенцијални дебитанти, а само 11-мина фудбалери кои пред две години беа можни дебитанти и само 11-мина играчи кои беа на финалето на Европското првенство пред две години во Германија.
„Со Брајан Ример како национален селектор се случи мала револуција. Имаше многу замени. Некои беа неизбежни, други неопходни, а потоа тука се и повредите, врз кои никогаш немате контрола“, стои во анализата од данските медиуми.
Што се однесува до самиот селектор Ример, тој на своите фудблаери им потенцира една главна работа, а тоа е дека сите кои ќе бидат на теренот имаат иста важност, иста одговорност и едноставно секој мора да го даде максимумот.
„Без разлика дали имате нула или 145 натпревари во репрезентативниот дрес, важно е да не гледате преку рамо и да велите дека некој друг ќе го поправи тоа. Секој што ќе биде на теренот мора да го испорача тоа што ќе се бара од него. Секој што е дојден тука во Хелсингер доаѓа со насмевка на лицето и е полн со енергија“, истакнува Брајан Ример, потенцирајќи дека го избрал најдобриот состав што ги има потребните вештини за да ја донесе Данска на Светското првенство.
Данска ќе го има адутот на домашен терен и ќе игра на својот „Паркен“ против Македонија в четврток, во првиот бараж дуел за пласман на СП 2026.

