Ристовска остана без финале во ЛШ со ЦСКА Москва (Видео)

Сара Ристовска и ЦСКА Москва не успеаа да се изборат за финале во женската ракометна Лига на шампиони, по поразот вечерва во полуфиналето со 30:33 против Кристијанштад.

Данкињите беа подобри, а клучна за финале и меча за титулата беше предноста по првото полувреме од 18:12. Ристовска постигна само еден гол за поразениот тим.

Во финалето утре од 18 часот Кристијанштад ќе игра со француски Брест, екипа што го изненади Ѓер со победа на пенали.

Ристовска ќе игра за ЦСКА во мечот за третото место против Ѓер исто така утре од 15.15 часот.

- Оглас -

Најнови вести