24.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Ристовски денеска треба да потпише за Сараево

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, треба да биде нов играч на Сараево. Ова денеска го пишува во хрватските медиуми.

Најавите се дека договорот треба да биде официјализиран денеска.

„Договорот треба да биде потпишан во текот на денот, а Ристовски таму ќе го пречека стар познаник од ХНЛ, Зоран Зекиќ. Како што дознаваме, токму убедливоста на поранешниот тренер на Осиек го поттикнала Ристовски да се упати кон стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“. Таму го чекаат и Иван Баниќ, до неодамна голманот на Горица, и Един Јуларџија, кој беше член на Динамо Загреб“, пишува Germanijak.

Ристовски во Сараево ќе дојде како слободен играч откако летово му заврши договорот со Динамо Загреб. Во хрватскиот гигант одигра 185 меча, во кои даде седум гола, а имаше и 21 асистенција. Ристовски кариерата ја започна во Вардар, а играше и за Парма, Кротоне, Фрозиноне, Бари, Латина, Специја, Риека, Спортинг и Динамо.

- Оглас -

Најнови вести