Ристовски и Адеми денеска ќе играат меч каде што резултатот нема да биде во прв план

Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб ќе одиграат пријателски меч против Динамо Киев. Средбата која е во рамките на меч за мир, ќе се одигра на Максимир во Загреб, со почеток од 18 часот.

Јасно е дека резултатот на оваа средба е во втор план, додека главната цел е да се соберат што повеќе финансии за украинските бегалци, кои ги напуштија своите домови поради агресијата на Русија кон оваа земја.

Двата најголеми украински клуба, Динамо Киев и Шахтар Доњецк, одиграа неколку вакви натпревари низ Европа, каде што идентично како и на оваа средба, се собираа финансии за помош на загрозените луѓе.

- Оглас -

Најнови вести