Ристовски и официјално си замина од Динамо: Модрите со емотивно видео го испратија Риле (Видео)

По четири и пол години поминати во дресот на Динамо Загреб, Стефан Ристовски од денеска и официјално повеќе не е член на хрватскиот гигант. Најтрофејниот хрватски клуб преку социјалните мрежи му се заблагодари на популарниот Риле, како што тие милуваа нагалено да го нарекуваат Стефан.

„По четири и пол години, искусниот дефанзивец Стефан Ристовски ја заврши својата кариера во Динамо. 🦁 Тој се приклучи на синиот клуб на почетокот на февруари 2021 година и оттогаш освои осум трофеи: четири шампионски титули, два Купа на победниците на куповите и два Суперкупа. 🏆

Во Динамо одигра 185 официјални натпревари со седум гола и 21 асистенција. Ако ги додадеме и пријателските натпревари, бројката се искачува на 206 настапи. 👏🏻Навивачите на Динамо го прегрнаа во неговите рани денови, првенствено поради неговата огромна енергија, посветеност и страст. Тој секогаш гордо го носеше дресот на Динамо на теренот и на крајот стана еден од ко-капитените на тимот. 💪🏻

Целиот тим на ГНК Динамо му се заблагодарува на Стефан за сè што даде за нашиот клуб и му посакува среќа и успех во остатокот од неговата кариера“, стои во објавата на Динамо Загреб.

За Ристовски има посветено и специјално видео кое може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести