Динамо Загреб после катастрофата против Баерн Минхен во првото коло од Лигата на шампионите, заигра одлично и од тогаш нема пораз на европска сцена, но лошо му оди во домашното првенство. Шампионот на Хрватска оваа седмица игра клучни натпревари против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, како и гостувањето кај Хајдук во недела. Македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски, е оптимист пред овие натпревари и најавува две победи.
„Во среда ни доаѓа сериозен противник со високо реноме. Нѐ чека тежок натпревар. Треба добро да ги анализираме, да се подготвиме, да покажеме енергија и пристап. Се надевам дека со помош на нашите навивачи ќе дојдеме до позитивен резултат. Знаеме дека последниот натпревар со Ријека не беше атрактивен, но навивачите мора да сфатат дека дека е тешко да се добро во континуитет со овој распоред.“ – вели Ристовски.
Нашиот поранешен репрезентативец доби прашање која победа повеќе ја посакува, против Борусија или против Хајдук, на што кусо одговори: „Ќе ги победиме и двата натпревари“.