10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Ристовски се врати на терен по сагата со црвениот картон

Стефан Ристовски се врати на теренот на својата стандардна позиција десен бек кај Спортинг, откако беше во фокусот во Португалија, по неговото исклучување против Сетубал.

Македонскиот репрезентативец не настапи на два меча по ред, колку што беше и казната по исклучувањето, но потоа излезе дека можел да игра против Бенфика во купот.

Спората администрација во Фудбалската федерација на Португалија доцна го извести Спортинг дека Ристовски добил помилување од еден меч и дека може да игра во купот против Бенфика.

Двата меча против популарните „орли“ без Ристовски на терен Спортинг ги загуби, а вечерва води по 45. минути игра против Феиренсе.

- Оглас -

Најнови вести