Ривер седум години чекаше на титулата, атмосферата на стадионот беше каква што може да биде само во Аргентина (Видео)

Ривер плејт ја освои титулата во аргентинското првенство. Јужномаериканскиот фудбалски гигант по 36-ти пат го подигна трофејот наменет за најдобриот тим во Аргентина откако со 4:0 победи на гостувањето кај Расинг Авеланеда и со тоа остана недостижен за другите ривали на три кола до крајот на шампионатот.

Ривер има дури 12 бодови пред второпласираната Дефенса и Хуанита. Во 22 меча кои ги одигра за да стигне до тронот, Ривер оствари 16 победи, четири нерешени дуели и само двапати загуби.

За Ривер ова е прва титула во домашното првенство по пауза од седум години. Во историјата на аргентинскиот фудбал Ривер сега има 36 титули, две повеќе од најголемиот ривал Бока јуниорс.

- Оглас -

Најнови вести