Робен ја прекинува пензијата?

Арјен Робен ги закачи копачките на клин по завршувањето на сезоната 2018/19, а се прости со двојна титула во дресот на Баерн Минхен. Холандското крило се пензионира на 36 години, иако се веруваше дека може да одигра уште една или две сезони во некоја послаба или егзотична лига.

Одлучи да се повлече, но според последната изјава, се чини дека Робен се покаја и размислува да се врати.

„На почетокот воопшто не ми недостасуваше фудбалот. Но во изминатиов период и тоа како знае да ме погоди носталгија и сè потешко ми е да го надминам тоа. Мислам дека би можел да играм барем уште малку“, истакна Робен.

Во својата богата кариера Робен играше за Гронинген, ПСВ Ајндховен, Челзи, Реал Мадрид и Баерн Минхен, додека дресот на холандската репрезентација го носеше од 2003 до 2017 година запишувајќи 96 настапи во кои постигна 37 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести