Робен му постави цел на Левандовски и го покани повторно да играат заедно (видео)

Часови нè делат од големото финале помеѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Во Лисабон се одлучува за новиот континентален владетел, сите со нетрпение го очекуваат првиот судиски свиреж.

Има доста прогнози, повеќето се во корист на Баварците поради нивниот успех во финалињата, но во ниту еден случај не треба да се отпишат Светците предводени од двете суперѕвезди Килијан Мбапе и Нејмар.

За Арјен Робен, легендата на Баерн, нема сомнежи кој ќе биде победникот, а воедно му постави цел на Роберт Левандовски. Холанѓанецот бара два гола од полскиот бомбардер, а потоа може да оди кај него во Гронинген за повторно да играат еден покрај друг.

„Лева, вечерва подоги два гола, а потоа можеш да дојдеш во Гронинген“, порача Робен.

Инаку, Левандовски оваа сезона има 15 погодоци на 10 меча во Лигата на шампионите. Доколку вечерва во два наврати ја затресе мрежата на Навас, ќе го израмни рекордот на Кристијано Роналдо од 17 погодоци во една сезона од најелитното европско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести