Робен не размислува за настап на ЕП 2021, не е сигурен ни дали ќе заигра за Гронинген

Искусното крило Арјен Робен лани ја прекина кариерата, но сега потпиша едногодишен договор со Гронинген, клубот во кој ја почна богатата кариера. Бившата ѕвезда на Челзи, Реал Мадрид и Баерн ја отпишува варијантата да учествува на Европското првенство следната година.

„Целта ми е да тренирам со тимот, потоа да одиграм еден меч, па неколку меча по ред. Не гледам многу напред. Европското првенство не ми е првостепена задача. Да објаснам, ова не е мое враќање, туку обид. Можеби ќе одиграм многу мечеви, можеби нити еден. Тренирам неколку недели, на добар пат сум. Но, пред да се појавам на терен, треба да бидам 100 проценти подготвен” – вели Робен.

 

- Оглас -

Најнови вести