Робен повторно тренира со Баварците

Откако се воведоа мерки со цел да се спречи ширењето на Коронавирусот, првотимците на Баерн Минхен, како и многу други, тренираат во домашни услови. Сите имаат посебна програма при која се придржуваат, но во текот на денот имаат и виртуелен тренинг проследен од кондициски тренер.

На виртуелните тренинзи на Баварците им се приклучи клупската легенда која изминатото лето ја заврши професионалната кариера. Тоа е Арјен Робен, кој и на 36 години им покажа на поранешните соиграчи дека уште е во врвна форма. Наводно, Холанѓанецот се подготвува за маратон и многу веројатно ќе учествува и во денешниот онлајн тренинг на германскиот првак.

Пред Робен, во оваа програма се приклучи уште една клупска легенда, исто така пензиониран фудбалер, Бастијан Швајнштајгер.

- Оглас -

Најнови вести