Роден е во Аргентина, игра во МЛС-лигата и е во топ-форма – Ерменците имаат опасно тајно оружје за Македонија (Видео)

Лукас Зеларајан пред еден месец дебитираше за ерменската репрезентација на мечот против Исланд и тој е тајното и опасно оружје на Хоакин Капарос за мечот со Македонија на 11 ноември.

Приказната на Лукас е интересна бидејќи тој е роден во Кордоба, Аргентина, од родители што се по потекло Ерменци, но емигрирале во Јужна Америка.

Моментно игра во МЛС-лигата во САД за Колмбус кру и е во топ-форма со пет гола на последните пет меча.

Завчера против Чикаго фајр постигна мајсторски гол, што му е петти на последните пет натпревари.

https://twitter.com/OfficialArmFF/status/1457518570447978500?s=20

Лукас го прифати повикот на Ерменците да игра за нив уште во 2018 година, но дебитираше дури пред еден месец на дуелот со Исланд, а играше и против Романците веднаш потоа откако влезе во второто полувреме.

До пред еден месец, кога за првпат беше на собирот со националната селекција, Зеларајан никогаш претходно не бил во Ерменија.

Игра на позицијата полушпиц и шпиц и се очекува Капарос да му даде шанса да биде стартер против нас, задутре во Ереван од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести