Ама му се погоди – Имењак му е на Зидан, роден е во истиот град и почна во ист клуб, а вчера постигна гол за победа во Зизу стил (Видео)

Зинедин Мачаш, има славно име како познатиот Зидан, роден е во Марсеј како и познатата фудбалска ѕвезда, а вчера со еврогол потсети на популарниот Зизу.

Мачаш од оваа сезона игра за Хонвед и вчера го постигна деби голот за славниот унгарски клуб и тоа во последен момент од мечот со Кишварда и на спектакуларен начин.

Дополнителното време што го одреди судијата Богар веќе беше истечено, резултатот беше 1:1 и остана само Мачаш да го изведе слободниот удар откосо од левата страна и тоа го стори мајсторски во стилот на многу попознатиот Зинедин Зидан.

Budapest Honvéd [2]-1 Kisvárda – Zinédine Machach 90’+4′ from soccer

Мачаш интересно ја почна кариерата во ист клуб како и Зидан, во младинската школа на Кан, клуб за кој играа и Патрик Вјеира, Јохан Мику, Гаел Клиши, Себастијан Фреј, Џонатан Зебина….

 

- Оглас -

Најнови вести