Родителите може да бидат исфрлени од куќата, а тој не сака ни да ги види

Младата фудбалска ѕвезда Јусуф Мукоко има одлична сезона во дресот на Борусија Дортмунд и веќе има постигнато четири гола, а има и пет асистенции. Тинејџерот кој уште нема наполнето 18 години, сега се најде во фокусот на вниманието не поради неговите добри игри, туку поради проблемите што ги има на приватен план.

Реномираниот „Билд“ пишува дека Мукоко е во кавга со своите родители затоа што смета дека тие од него сакаат само пари, додека неговите мајка и татко за целата ситуација го обвинуваат неговиот менаџер. Младиот фудбалер веќе две години воопшто не зборува со своите родители, а ако сега не сака да им помогне, тие може да бидат исфрлени на улица.

Родителите на Мукоко имаат рок до 10 ноември да платат еден милион евра за куќата во Хамбург, па доколку нивниот син не им ги даде потребните пари, тие немаат како да платат толкава сума.

Првиот професионален договор што Мукоко ќе го потпише е кога ќе наполни 18 години, а сите договори кои досега ги имаше потпишано беа во согласност со неговите родители затоа што фудбалерот уште е малолетен. Мукоко веќе заработува десетици милиони евра, дел од договорот со Борусија, а дел и од спонзорскиот договор што го има со „Најки“.

Мукоко првиот гол во Бундеслигата го постигна само на 16 години и 28 дена, што е рекорд во германското првенство. За првиот тим на Милионерите има одиграно 54 средби, а веќе има девет голови и седум асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести