Родителите на фудбалската суперѕвезда избркани на улица, ќе живеат како бездомници

Родителите на германскиот фудбалски бисер Јусуф Мукоко од денеска се бездомници и шетаат низ улиците на Хамбург. Познатиот германски весник „Билд“ објави дека родителите на фудбалерот кој годишно заработува по шест милиони евра, сега ќе имаат статус на бегалци.

Младиот 18-годишен Јусуф Мукоко ги прекина сите контакти со семејството откако се скара со татко му, па Мари и Јосеф Мукоко сега ќе живеат во прифатен центар за бегалци јужно од Хамбург.

Конфликтот меѓу фудбалерот и татко му започна во периодот пред Јусуф да наполни 18 години. Постојано имало конфликт околу парите, па кога стана полнолетен, фудбалерот реши да ги прекине сите контакти.

Родителите на Јусуф досега живеја во вила од 350 квадрати која, секако, ја плаќаше нивниот син. Мукоко со Борусија Дортмунд моментално е на претсезонска турнеја во САД, каде што игра одлично, а утрово токму тој го даде голот за победа од 3:2 против Манчестер јунајтед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести