Родригес ги прегоре социјалните мрежи, трансферот во Евертон стаса рич од 400 милиони посети

Џејмс Родригес и неговиот трансфер во Евертон и буквално ги запалија социјалните мрежи и дури 400 милиони луѓе прочитале информација поврзана со неговата преселба во Премиер лигата.

И сето тоа се случи во рок од само 48 часа, што е вистински бум, објави порталот „Ливерпул ехо“. Евертон покажа дека има одличен маркетинг што го искористи влијанието на Колумбиецот на социјалните мрежи.

Родригес има неверојатни 95 милиони следбеници на различни профили на дел од најпознатите социјални мрежи, како што се: „Твитер“, „Фејсбук“, „Инстаграм“…

Евертон плати 22 милиони фунти за да го ангажира Родригес, играч кој настапуваше за Баерн Минхен како позајмен од Реал Мадрид.

Договорот со популарните Карамели од Ливерпул е со важност од две години, со можност потоа да биде продолжен за уште 12 месеци.

Родригес во последните две сезони играше за Баерн Минхен, но Баварците одлучија дека не им е потребен и не го откупија неговиот договор од Реал Мадрид.

Ниту Кралскиот клуб од Шпанија го немаше Колумбиецот во плановите за во иднина и лесно се договори со Евертон да му го продаде 29-годишниот фудбалер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести