Хамес Родригез ќе ја продолжи својата фудбалска кариера во Катар, поточно во клубот Ал-Рајан.
Сегашниот член на Евертон сака да ја напушти Премиер лигата бидејќи во овој тим дојде благодарение на Карло Анчелоти, кој си замина пред почетокот на сезоната, а сега Хамес нема интерес да игра за Рафа Бенитез.
Колумбијецот ќе тргне по стапките на Џани Алиоски, кој го напушти Лидс се пресели во Ал-Ахли од Саудиска Арабија.
Интересно е што Родригез летово се поврзуваше со трансфери во Порто и Милан, но не дојде до тоа поради платата од 30 милиони којашто ја зема во Евертон.
Очигледно дека шеиците нема да штедат пари за да донесат еден од најдобрите колумбиски играчи во изминативе 10 години.