19.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Родриго на излезна врата од Реал Мадрид, Чаби Алонсо не е импресиониран од неговите игри

Во Шпанија се погласно се зборува за заминувањето на Родриго од Реал Мадрид, а ова посебно добива на значење после информациите дека Чаби Алонсо воопшто не бил импресиониран од играта на Бразилецот.

Долго се најавуваше дека „кралевите“ се подготвени да го продадат доколку добијат понуда од минимум 100 милиони евра, но сега се чини дека Родриго ќе си замине и за помалку пари, иако Флорентино Перес се уште ја чека вистинската понуда за него.

Најавите се дека тие пари ќе бидат искористени за нови засилувања, кои Чаби Алонсо ги барал од раководството на клубот. Интерес за Родриго има од Арсенал и Тотенхем, но прашање е дали овие две екипи може да ги исполнат вистоките барања на „кралевите“.

 

- Оглас -

Најнови вести