Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, конечно се огласи по неколкудневното молчење и низата шпекулации околу неговото отсуство од терените. Во објава на социјалните мрежи, Бразилецот порача:
„Благодарам за сите пораки и загриженост. Ќе се вратам наскоро. Престанете да измислувате работи.“
Родриго не настапи од финалето на Купот на Кралот против Барселона на 26 април, што предизвика бројни гласини. Прво тренерот Карло Анчелоти изјави дека играчот има вирусна инфекција и висока температура, поради што не настапи против Селта. Но, ситуацијата стана посомнителна кога беше вклучен во тимот за Ел Класико, но не одигра ниту една минута.
Gracias por todos los mensajes y preocupaciones. Volveré pronto 🙏🏾 Dejen de crear cosas 🤦🏾♂️ pic.twitter.com/FKQ0nbWq1O
— Rodrygo Goes (@RodrygoGoes) May 14, 2025
Наместо него, во клучниот меч за титулата во Ла Лига влезе младинецот Виктор Муњоз, што дополнително ги продлабочи сомнежите.
Подоцна Анчелоти изјави спротивно на претходното – дека Родриго не бил подготвен за игра.
Следниот ден Родриго тренирал со тимот, но се повлекол амо по пет минути, наводно поради болка во десната нога. Сепак, Анчелоти остана на ставот дека „сѐ е во ред“ и дека проблемот е само физички.
Дополнително, на социјалните мрежи се појави фотографија од Родриго во хипербарична комора, што повторно ги разбуди шпекулациите околу неговата здравствена состојба.
Со неговата порака Родриго јасно стави до знаење дека наскоро ќе се врати и ги повика навивачите и медиумите да престанат со шпекулации. Реал Мадрид во моментов се подготвува за завршницата од сезоната, а враќањето на Родриго би било значајно засилување.