Борусија Дортмунд со чисти 3-0 триумфираше на гостувањето кај Унион Берлин, и сега Жолто-црните се доближија на шест бода од првопласираниот Баерн Минхен.
Најзаслужен за победата на Борусија беше капитенот Марко Ројс. Тој во првите 25 минути од мечот даде гола и ја најави победата која ја потврди Рафаел Гереиро. Првиот гол на Ројс беше негов 150-ти во дресот на Борусија, а само еднаш во кариерата пред 25-тата минута од средбата дал два гола.